Плаќање и фактури
Последна измена: 26.11.2026
Цените зависат од бројот на сметки што бирото ги обработува месечно. Сите пакети вклучуваат неограничен број клиенти и вработени.
Пакети и цени
Старт: до 1.000 сметки месечно, 99 € месечно или 990 € годишно.
Стандард: до 3.000 сметки месечно, 199 € месечно или 1.990 € годишно.
Про: до 5.000 сметки месечно, 299 € месечно или 2.990 € годишно.
Бизнис: до 10.000 сметки месечно, 499 € месечно или 4.990 € годишно.
Цените се изразени во евра, без ДДВ. Кога се пресметува ДДВ, тој се додава на фактурата според Законот за данокот на додадена вредност.
Годишно плаќање
При годишно плаќање плаќате 10 месеци, а добивате 12, односно 2 месеци бесплатно.
Над лимитот
Кога ќе го достигнете месечниот лимит на пакетот, новите скенирања се запираат до почетокот на следниот период или до преминување на поголем пакет. Нема дополнителна наплата по сметка.
Гаранција
Ако во првите 30 дена од првото плаќање одлучите дека Kontix не е за вас, ви ги враќаме парите. Враќање барате со порака на contact@digitalspace.mk, без објаснување, а парите ги враќаме на сметката од која е платено во рок од 14 дена од барањето.
Фактури и плаќање
Фактурата ја издаваме однапред за месецот или за годината и ја праќаме по е-пошта. Фактурата е во денари, по средниот курс на НБРМ на денот на издавање. Се плаќа со уплата на трансакциска сметка 270077186240179 кај Халк Банка АД Скопје, во рок од 8 дена од фактурата.
Откажување
Без договор за обврзување. Откажан месечен пакет важи до крајот на платениот месец, а следниот месец не се фактурира. Откажан годишен пакет важи до крајот на платената година; освен во гаранцискиот рок, уплатата за започната година не се враќа.
Прашања за плаќање: contact@digitalspace.mk или +389 75 455 455.