Политика на приватност
Последна измена: 26.11.2026
Контролор на личните податоци во Kontix е Диџитал Спејс ДОО Скопје. Оваа политика објаснува кои податоци ги обработуваме, зошто и кои се вашите права.
Кои податоци ги обработуваме
Податоци за сметката: име, е-пошта, улога и бирото на кое припаѓате.
Документи: фотографии и датотеки од сметки, како и податоците прочитани од нив (добавувач, ЕДБ, датум, износи, ДДВ, ставки и предложени конта).
Технички податоци неопходни за најава и безбедност.
Барања за состанок: името, бирото, е-поштата, телефонот, бројот на клиенти и забелешката што ќе ги внесете во формуларот на почетната страница.
Зошто
За да ја обезбедиме услугата: читање на сметките, предлагање конто, преглед и извоз на налог. Податоците не ги продаваме и не ги користиме за рекламирање.
Податоците од барањето за состанок ги користиме само за да ве контактираме и да го договориме состанокот.
Обработка со AI
За читање на сметките, сликите се праќаат до добавувачот на AI модели Anthropic (Claude). Резултатот се враќа во Kontix и се чува заедно со оригиналот.
Добавувачот е Anthropic, PBC, со седиште во САД, па сликите се обработуваат во САД. Преносот се врши врз основа на стандардните договорни клаузули во договорот за обработка на податоци со Anthropic. Anthropic не ги користи овие податоци за тренирање на своите модели.
Кој пристапува до податоците
Секој клиент ги гледа само своите сметки. Сметководителите ги гледаат клиентите на своето биро. Оригиналите се чуваат приватно и не се јавно достапни.
Известување за секое ново барање за состанок добиваме преку Telegram.
Хостинг и база на податоци: апликацијата работи на сервер на Hetzner Online GmbH во Нирнберг, Германија, а базата на податоци и оригиналите се чуваат кај Supabase во Франкфурт, Германија (Европска унија).
Колку долго
Податоците ги чуваме додека сметката на бирото е активна и уште 30 дена потоа, за да може бирото да ги извезе, освен кога законот бара подолго чување.
Ваши права
Според Законот за заштита на личните податоци имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување и приговор. Можете да поднесете и барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
За вашите права пишете ни на contact@digitalspace.mk или +389 75 455 455.